Sunday, September 4, 2011

Небојша Стојаноски

Тешко е

Тешко е да ставиш сол на својата загноена рана,
И потоа да натереш некој да ја бакне.
тешко е некого да сакаш,
потоа од него прв крвник да направиш,
крвник што ќе ти се смее ако крвариш,
крвник што ќе ти се измоча на раните,
а потоа запалка ќе ти побара
да си запали цигара, зашто по мочање палел цигара.
Тешко е да полудиш!
Лудите се свети, му се смеат на светот, светот нив.
Тешко е утробата да ти скапува.
Но, лесно е да напишеш песна,
Не мора да се молиш да ти чукне на прозорецот,
Ни ангел, ни ѓавол, ни муза ни фурија,
Само, пискај, стенкај, плачи, пушти некоја солза,
од солзата може да имаш голема полза,
Ќе раскоплескаат на неа,
Ако не можеш да плачеш земи шило,
прободи си ја раката нека крвари,
кога ќе ја видат крвавата рака
другите ќе плачат за тебе.
Тешко е!
Тешко е тоа што го прави светот,
Ти прди во лице, ти прди во нос, ти прди во уста,
од прдежот блуеш на сите страни,
И со блуеницата се обидуваш да направиш некое си
така наречено уметничко дело.
Тешко е од сопствената блуеница да направиш нешто,
смрди и е измешана со жолтеникав шлаем.
Тешко е!
Тешко е да бидеш птица и да знаеш да леташ,
а да чекаш лифт да те крене на небото.



Проклетството на апсолутот


Парабола за залутаните мисли без концепт,
Устава е полна со правливи параболи надвор од мојот поглед,
Парабола за секоја солза што не напишала стихови,
Парабола за секој мој извртен поглед.

Парабола за секое чудовиште,
Парабола за секоја сенка,
Парабола за мене.

Правлива парабола ползи по папочната врвца,
Безброј бубалки гнездо свиле по мојата врвца,
Се загнездиле, се наездиле, пловат по загноената врвца.
Пловат, се гостат со гнојот,
Како птичишта грозни колваат по мојата загноена врвца.
Моите мелемкасти солзи го мијат гнојот,
Ги тријат гадинките,
Неорганско чудовште ме голта чувствувам.



Железен балон

Хиперактивноста на мојот ум ме остава буден.
Електрични празнења во умот само се редат,
Глупости капка по капка се цедат.
Доста ми е од оваа куклена еротика во етерот,
Доста ми е !
Нека исчезне!

Моето знаме е на куклата, но сепак бублиску до кулата,
Од слатко едојдете.
Куклите паѓаат, за споменсамо една фатетедодека паѓаат и чувајте ја.

Само некои мигови од минатото ме оставаат во радосен неспокој,
некои во тажен.
Вознемирено барем дел од времето сум слободен,
Од времето кое ме поседува.

Знаме издигни се !
Сега веј се ти знаме од кадифе и бол,
Падот на куклената еротика ќе биде моја победа,
Чекам на капката слободен кога ќе бидам.

Нека се вее сега знамето на живите,
Доста ми е од надуеноста на кулите,
Доста ми е од надуеноста на куклите,
Доста ми е од балонската еротика.

Птица еве кружи околу знамето, лифт чека да дојде.

Блед инженер сакам да бидам,
Здодевна ми е оваа сивкаста светлост во ветрот
Прозрачноста нека ме води,
На тие што грицкаат шеќер благоста им годи.


Небојша Стојаноски од Тетово има учествувано на конкурсот распишан од литературното друштво Кирил Пејчиновиќ од Тетово и освоено второ место (без прво место). Има објавено лирски минијатури во списанието ,,Тренд“, исто така има објавено драма во списанието ,,Тренд“ под наслов ,,Приказната на големиот господар“. Учествувал на колективната графичка изложба,, Digital art exibitions“ во Тетово со свои творби. Небојша Стојаноски се занимава и со правење на музика. Небојша Стојаноски учествувал два пати на македонскиот аматерски филмски фестивал и влегол во потесната конкуренција. Главна преокупација во моментов му е анимацијата.

No comments:

Post a Comment