Wednesday, September 14, 2011

Маја Дојчинова Малиновска

Дојди 

Иднината нема да дојде
Во моментот кога се очекува.
Очекувањето е сегашност која изумира тивко
И го задушува срцевото биење.
Биењето е отскок неприкнат
Засилен и задушен со секој твој поглед.
Погледот е птица која прелетува
И застанува на мојата глава
Без прашање и молба.
Прашањето не постои кога те имам тебе
Само се молам да не те изгубам.
Губењето е прекршена страст
Која го смалува постоењето
Постоењето нема иднина
Која се очекува
Тоа секогаш е секогашност која те моли
Да дојдеш.



Моќ 

Во средината на злосторот
Не се знае кој е злосторникот
Зошто средината нема злосторник.
Има само изгубени души кај кои
Преовладува моќта на злосторството.

Крајот и почетокот на злосторството се исти
Секогаш брзо доагаат еден по друг
Ја отвараат вратата и ја остваат отворена.

Секогаш е тука моќта да ја затвори
И некој тогаш чувствува колку е немоќен.



Кај нас дома

Сонцето кај нас почна да подизгрева од запад.
Секогаш испревртена вистина се крие во нашите очи.
Опколени со немирни бедеми
Кои се лелевеат на посакуваниот приморски ветерец
Се движиме во незнајниот круг
Несвесни за големината на времето и просторот.


Мајчинство


Некогаш сама чекорам по падините на излезот и загревот на денот
Моментот наречен живот поминува низ моите прсти
Крајот и почетокот стануваат секунда од безвремието
Не постои друго место и друг простор.

Мајцинскиот поглед ке ми даде
Живот кој води кон бескрајот.



Кратка биографија


Дојчинова Малиновска е дипломиран лингвист по англиски јазик и книжевност. Таа е  голем љубител на уметноста и  покажува посебен афинитет кон  книжевноста и пишаниот збор.
Омажена е и има ќеркичка од 4 месеци.

No comments:

Post a Comment