Wednesday, September 14, 2011

Милка Миндева

МЕСТОПОЛОЖБА







Јас не сум од оваа време,
сигурно не сум колку и вие.
А вие?
Вие си знаете.
Не сум по се изгледа
и од оваа место,
колку што сте и вие
староседелци.
Но судбина.Така било.
Да сме си (не)разбрани
едни со други
оти таков е веков,
лажна е дуњава.
Водениците ги втрат колцата
а ние го мелиме брашното.
Едни бостан ќе садат,
други од него ке се сладат,
а има и такви што ќе го крадат.
Таква е дуњата
па од кај сакаш биди си.
Ако некој се фати,
се фатил,
ако не,сигурно
ќе има кој да плати
па кој како свати,свати.
Таков е веков,
ваква е дуњава
па од каде сакаш биди си
и со времето и со местото.
Важно да не си изместен
дури си овдешен,
како сите сегашен.









ВО ОЧИ НА ВИСТИНАТА



Да имам доволно пари
не ќе морам да ја менувам
бојата на кожата по потреба.
Богатството на богатите
лежи во разнобојноста
на нивните пердуви
во шкафовите.
Народе гласајте
и излезете на избори
што помасовно
требаат пердуви.
Ние нема што да изгубиме.
Бојата е
природна,еколошка
и беспари.
Да не речам за џабе.






ГЛАД



Огладневме и двајцата
како волци на сред зима,
како јастреби среде пустина,
како лавови во сушна година.
Па не знаевме
што попрвин да си изедме
појадокот,ручекот  или ужинката.
А вечерата?
Неа мислите ја заборавивме?
Ма не.
Неа си ја подготвуваме сами
полека,мераклиски ,цела нок,
никој да не ни ги открива специјалитетите
што ни држат ситост
кога сме на строги пости.









Кратка биографија



Авторката на песните е Милка Миндева од с.Ваташа-Кавадарци

родена на 17. 01. 1967год.

Досега има објавено три збирки поезија:,,Pogledni so moite oчи", ,,Билјурна солза"на македонски јазик и ,,Моќ тла"хаику поезија на српски јазик.

Има учествувано на повеќе литературни средби во Р.Македонија и надвор од државата на меѓународна средба во град Плевен-Бугарија каде учествуваат поети од повеке балкански земји како Бугарија,Романија,Русија,Грција и Македонија.И е еден од основачите на овие средби.Член е во клубот на писатели ,,Тиквешки цветови" од Кавадарци.

No comments:

Post a Comment