Sunday, September 4, 2011

Аница Блажевска

* * *

Додека го џвакав чадот од цигарите
а го џвакав чадот од цигарите
во тесната кујна
и ги слушав превирањата на кафето и шекерот во старото џезве
Размислував
дали работите што ги сакаме ги сакаме
поради тоа што ги носиме во себе
па се наше Претчувство
Или,
поради тоа што ги сакаме
ги трупаме во нас
па се наши Копнежи
а, Јас
Ох, јас сакам
еден сосема обичен Ден
во кој ме држиш за рака
Додека несмасно со големи во боја стапчиња
јадеме пржен ориз
Додека вежбаме tai chi под големото дрво
Јас внесена, ти лимон фаца
Додека големите светлечки реклами се прелеваат по нашите лица
и личат на нашите соништа
и нема врска што не сакаш поезија
И така сите песни ги чувам во врзоп за твојот 27 роденден
сите песни, од кои ке сплетам еден голем Змај
кој ке го летаме заедно, додека полека
од Копнеж стануваш мое Претчуство...



* * *

очајно ми треба:
бел лис хартија А4
да ја потпрам дланката лева
гума PELIKAN
да ги избришам лузните
дрвени боички
да ја облагородам љубовта
ТИ
да те прашам
мислиш ли
бумерангот е достојна замена за фризби
на оние
кои немаат никој?



Недолична песна


Убава е.
Секако, не толку колку што ке си замислиш
но има некој посебен мирис што останува после неа.
Тој спие до неа.
Веѓите му треперат.
.прегорено сино.
Во сонот ја допира
дрвените алки на неговата рака тропотат
по нејзиниот грб
темно е.
неопластичната алка за 50 центи од кај циганчињата
престана да свети вечерта
кога му рече
не.
Ја допира.
таа би сакала со другата, со десната рака
и се допаѓа приказната
преплетена помеѓу неговите влакненца.
неколку утра по ред
Таа го гледа
Тој спие
до неа.
потемнет од сонцето со излупен нос
ги отвара очите
Таа ги затвора нејзините
и
спие до Него
Тој ја гледа
Таа го допира со косата
за која тој мисли дека нема никаков карактер
темна и секој ден различна
неможе да одлучи али му се допаѓа повеќе кадрава
или сепак кога сосема мирна паѓа по рамениците.
Не ја познава со подолга.
Убава му е.
Толку поинаку убава.
Може да ја допре само кога спие.
полека по разранетите стапала
знае
од далеку дошле
и ке заминат уште подалеку.
и Таа знае.
не ги отвара очите.
го остава да ја допира.
Се допираат.
наизменично.
крадешкум.
мижејќи.



Аница Блажевска од Тетово. Таа има 28 год. и ВСС. Дизајнира чевли во урбан стил.
Има дечко.

No comments:

Post a Comment