Wednesday, September 14, 2011

Маја Танева

Би можело да се нарече Губење невиност

Кога почна
беше како сладолед
што се лизга по рацете,
дланки облепени со густа смеса
бавно се спуштаат по бутините.
Кога почна да ми се доближува,
беше како јас да го набљудувам тоа лизгање,
како тоа да не е мојот живот,
кој слегува густо и натрапливо
по нерамнините на нечиј друг живот,
Рзвлечена, густа, натраплива игра
течеше како блажена смеа.
Кога почна до се провлекува во мене
ми ги броеше воздишките, 
а таа, која требаше да бидам јас
развлечена, густа, во магла,
Отиде толку далеку од себе,
И од тој што требаше да ме сака.
Се провлече и ме праша
дали сакам зграпчена да бидам.
Стаписана во тој момент
далеку од сите,
далеку од тој што ме зграби,
далеку од денот кога ќе решам
да го купам цвеќето
сама, жена.



И Тебе Би Те Љубела

Испреплетени старкови хартија стара
Лонец во кој некогаш се вриела храна
Мојата размазена вагина провевот ја гали
Во полумракот желба се разгори
Чека некој да ја навали
Преку диванот стар да ја префрли
Преку напластениве вреќи со семе за жито
Погледот да ми го исчаши
Онака како што мразот го пресекува здивот
Би ги мазнела твоите слабини
Би чувала тајни
Би чувала конец, јаже,
Светилка. Бесилка.
Би ставила тапети со облачиња
Покривот со фрески би го укарасила.
Оваа визба стара
Во храм на страста би го претворила.



Скриени малограѓански тајни

Голи жени, жени убави
Во кревет се превртуваат, сонуваат
Вагон со јаглен и ложач со измастени мускули црни
Сред празна арена
Од матадор прегазена
На подиум
Заведена од игра на зборови
Непристојна понуда
Во Хотел
Во Луна парк
Кицоши ги бакнуваат своите сопруги и деца.



Какао

Густо, растегливо, ми протекува какао низ грлово.
Налик на кањон во пустина, тече по пукнатините темно, низ брадата се слева надолу кон слабините.
Добро владееш со глаголите на страста.
Ме откинуваш
Продираш
Ме растргнуваш
На гради ми паѓа кафен тон од какао. Се слеваме
Одеднаш не сме ти и јас, маж и жена сплотени во постела од солени чаршафи, туку гуштер и змија на месечина полна.
Таа е само сполниот звук на космосот што се шири, ветар, ветар…


O вие Велики!

O вие Велики!
Големо беше вашето Стоење!
О! Вие Големи Заведувачи! Големо е вашето зуење! 
О! Вие Големи Оратори! Родители и тумачи на сите духовни настојувања
– раѓате зборови што само вие самите знаете дека се труење.
Само уште една мисла и самракот ќе се роди во темнината, огнови ќе ги прекријат дрвјата, градовите, шумите и раните. Ќе ја запали огнот душата на самрак, и ќе ја согори до зори.
О! Големо беше нивното Постоење!
Мајка ми, татко ми, тетка ми и брат ми, фнук ми, дечко ми , мојот гуру и Тој.
О! Големото заведување на Телото! Заробено од умот на сите важни мислители: мајка ми, татко ми, тетка ми и брат ми, фнук ми , дечко ми, мојот гуру и Тој!
Лозница од испреплетени нишки култивирана страст.
Големо заведување на еден обрач кој се сплел околу и во самиот себе, уживајќи во тоа!
Пуштете ме! Сјајот на Вистината е во мене, во очите мои, во грлото како Крик, како неуништив Глас на ослободена птица
 Албатрос!


За Човекот

Човекот е печка која согорува
Пристап кој соборува ,
Во денови без новости 
Тој се сопнува на гадости
Човечки слабости
Човекот  го рони во мешунки слогот
Зошто сум должен да го исплаќам долгот?


Сенки

Сенки на невиност претрчуваат,
Носат тежина, не потскокнуваат.
Носат порака од еден невин Ад.
Љубовиниците соголени,
Градниците разголени,
Веродостојници преобразени,
Во сенки,
на еден невин Ад припаѓаат,
Обоени во жолто како кај Кафка,
Во бунило како кај Лорка,
Во бесрамна итрина, сестринска.
Обоени во страст, црвена ,долга
Веродостојници разголени минуваат.
Силувани потајно, истражени гласно,
Отворени ширум, Вистини изнудени страсно.
Сенките на еден Ад невин,
Не далеку слушнат, не видливо разбран,
Не осетно втиснат како грочлива рана,
Пространа.
Наваму проаѓаат. Ништожни
Се приклонуваат. Ќе дотрајат,
Ќе ги снема. Како сенки
На еден друг свет. Невини.



Патриотска

Нестануваме,
Не’ нема горди. Пусти сме.
Не’ нема довечер.
Никнати божемски, стаписани.
Пред Западот каде нема ништо ново.
О клети! Оклеветени,
На пустина догорени,
Луѓе, или венец од луѓе,
Мислиш коров. Питаат:
Како ми е името? Кој ми беше зборот?

***

Нестварен народ,
Продаден за корка имот,
Пребиен за ситна пара,
Отфрлен, ни тука ни таму,
Обезимен, втиснат,
Меѓу двете очи. Знак.
Што старите го носат,
Но никој не ги прашува,
Што тој Знак ќе биде.

***

Не’ нема отиснати,
Не’ нема опстанати.
Вјасаме наназад. Мугри се:
Како ми е името?
Кој ми беше зборот?





No comments:

Post a Comment