Tuesday, September 20, 2011

Сузана Витанова

Солзите на мајка ми


Не беа тоа твои солзи ноќта
кога се разделивме.
Не беше моја болката
што го корнеше најнежното срце.
И немавме несреќа.....
Љубовта сеуште искреше меѓу нас.
Единствено не можам да ти ги простам
поројните дождови во очите на мајка ми
во мигот кога засекогаш се затворија.......




ОСАМЕНА СТАРИЦА


Се нишам врз гнилиото душеме во собата на баба ми.
Го вдишувам застарениот мирис на нејзиниот ормар полн
старудии, закачениот џемпер на сронетиот ѕид, дотраените
летни сандали што ги носеше и зимоска.
Ја барам избледената слика од мене во витражот. Ја нема, како
да не е тоа собата на мојата баба туку на некоја друга стара
женичка која можеби и нема внуци.Сите баби имаат
внуци.Барем така мислев додека еден ден не ме осамна животот
изморена и осамена. Еве
огледало, на чекор од мене. Ќе го земам си мислам....да гледам
по колку бели влакна добивам дневно или неделно, не знам
колку брзо тече процесот на стареење. Кога остаре баба
ми- се напрегам да се сетам како изгледала десетина години
пред да не напушти. Не старееше таа, секогаш беше иста.
Стареам јас, старееш ти, остаревме ние за кои луѓето
озборуваат...беше убава, но остаре сама....


Сузана Мицева, 24 години од Струмица.
Вработена како новинар во Тв Канал Вис и Канал 5.Има издадено една збирка поезија - Студени огнови.

No comments:

Post a Comment