Sunday, September 4, 2011

Иван Вета

Слободни души



Ако душата е некоја мистична сила- тогаш допри ја.
Допри ја нежно и остани таму кога знаеш колку е убаво.
Насмевни се, и смеј се засекогаш зошто тогаш си отворена...
Како црвено цвеќе обвиено со капки роса, излеани од мојата љубов,
која е бескрајна во времето и просторот и те бара само тебе.


Илјада и една ноќ непроспиена, завиткана во сенката на месечината...
Јас мислам на тебе, и моментот кога сум со тебе,
во моментот кога те гледам тебе, и моментот кога ме напушташ мене.
Сѐ е само сон... сон кој го сонувам со отворени очи,
сон кој го мирисам во илјадници ароми,
сон кој не сакам да запре...


Зимата дојде, снегот падна,гледав снегулките паѓаат една по една...
Гледав... но во мене имаше една топлина,
топлина,која снегулките ги топеше една по една,
трансформирајки ги во мали светулки кои завршуваа на небото како ѕвезди надеж,
надеж ,дека пак ќе те видам во некоја доцна и темна зимска ноќ...


Далеку стигнав и пак се вратив,
завршив токму таму каде што почнав бескрајно да те сакам.
Еден круг околу светот- но не е исто,
никогаш нема да сретнам некој како тебе...
твоето бело лице...
твојата црна коса, твоите прекрасни црни очи,
твојата насмевка ...твојата добрина,
твојата топлина, твојата душа....


Во очите возови од сеќавања патуваат брзо,
солзи како роса нежно паѓаа проткаени со скриена среќа,
заборавена далеку во одаите на очајот,
заклучени од минатото, заробени во сегашноста ја уништуваат иднината...
ја уништуваат и душата како илјада парчиња скршено огледало
и секое парче како суров нож се забива во срцево...
Те бараат тебе црнокоса убавице.


Никој не може да знае,како лисјата во есен ,
еден по еден ја допираат земјата,
го оставаат минатото зад себе и стануваат едно големо ништо....
Душата моја ги собра сите парчиња од скршеното стакло
стакло-вистинска слика, на мојата отворена душа...


Знам дека некаде длабоко во тебе
копнееш и го бараш во себе она виножито од љубов,
отворено кон светот и кон облаците,
чекајки го вистинскиот момент кога ќе бидеш онаа
вистинската...


Дали во тој момент ќе се вратиш и ќе признаеш...?
Дали ме сакаш исто како што те сакам тебе...?
Дали засекогаш или за некое одредено време...
Но јас,јас ќе бидам тука и ќе те чекам,
имам отворена душа и бескрајно време...





Иван Вета
е роден во Струмица 1987 година.Заврши средно училиште во гимназијата “Јане Сандански”, па потоа во 2006 година се запишува на медицинскиот факултет во Скопје на насока Радиолошки технолог.Дипломира во 2009 година па ги продолжува студиите на Европскиот Универзитет на медицински и фармацевски менаџмент.

No comments:

Post a Comment