Sunday, September 4, 2011

Маја Гоческа

Надмоќ над согласноста (за промени)


Му пркосам сето изминато време на светов ,
баш кога медитирам со утрешнината,
а за да се заборави фикцијата,
и да се допре реалноста,
не е доволен само еден поглед ,
туку малку повеќе,
всушност многу повеќе,
отколку растојанието,
помеѓу Сонцето и Месечината ,
но НЕ гледани од овде – долу!

http://gocheska.blog.mk/2011/04/21/nadmok-nad-soglasnosta-za-promeni/



Мудроста самува на тивки места


Мудроста самува на тивки места ,
во ѕидот од насобран прав.
Мудроста самува на тивки места ,
во благовременото омлитавување на телото.
Мудроста самува на тивки места,
во создавањето на смислата на говорот.
Мудроста самува на тивки места ,
во дозволениот одлив на вселенската осека.
Мудроста самува на тивки места,
во гнездото на насобрани интуиции.
Мудроста самува на тивки места ,
во нежно измиените соништа насонети.
Мидроста самува на тивки места ,
во надежите на тивкото стопување на ноќта.
Мудроста самува на тивки места,
во вродената надеж и исцртаните насоки .
Мудроста самува на тивки места,
во ликот на секогаш различниот живот.

http://gocheska.blog.mk/2011/03/10/mudrosta-samuva-na-tivki-mesta/




Јас ли бев на ред?


Низ карпите од некое дамнешно време , гледам одвраќање,
некоја внатрешна обработка и калкулација,
а се мислам – дали ми е дозволено ,
да ѕиркам низ туѓите повторувања – како да се мои ,
кои се распослале како пустина ,
во цел еден свет – за жал твојот.
И нема ништо , само песок ,
и многу , многу стари навики ,
кои го напуштаат концептот на новиот живот ,
кој требаше веќе да почне …. одамна,
не занимавајќи се со идеите и идеологиите ,
на другите како мене .
И не , не ти нудам сега нов метод ,
само ѕиркам кон случувањата кои те опишуваат во целост ,
престојувам само повремено таму,
тогаш кога сакам да те наградам за непристојноста,
со која ми го загадуваше ликот ,
валкајќи го со дисхармонија.
И те видов … таму ,
ускладувајќи ми го ликот кон потребите ,
на уште два- тројца или , две-три како тебе ,
исти такви , по твој вкус ,
и говорат исто , мислат исто ,
симптоматично , рециклирајќи си ги сопствените умови.
Сега , те рассадувам како пролетно цвеќе ,
а знам …еве веќе е зима,
и не ме мрази – оти други веќе ме сакаат ,
а и твоја беше одлуката ,
да измрзнеш , да изгниеш ,
и никогаш , никогаш повеќе да не се појавиш пред мене .

http://gocheska.blog.mk/2010/12/01/jas-li-bev-na-red/


18- та


Од кој датум да излеземе сега?
Од вчерашниот или од утрешниот ?
Од денешниот не,
зошто јас денес се претворив во нешто подобро ,
а ти можеби седиш на сивиот воздух ,
размислувајќи кој се` би можел да седне до тебе ,
и да остане таму ,
иако реков дека време е за промени ,
со голем наплив на енергија ,
за која велат ,
треба да се располага мудро ,
но не,
не знаеш ти за тоа,
а моето малечко тело може да трпи многу промени ,
без да замине во оригиналната смисла на заборавот ,
и , ќе ти речам само ,
знаеш ... разговорот е светлина ,
и она што навистина ми значи е посветеност,
а, ти сега направи нешто добро,
и научи ја лекцијата за која си роден ,
зошто верувај ми ,
емоциите течат од високо ,
и притоа те удираат како камшик ,
и те делат на сигурен и несигурен,
на љубен и нељубен ,
и не се мисли многу ,
кога планираш совршен рецепт ,
туку биди сигурен ,
кога ги запишуваш своите цели и планови ,
било тоа да е на харија или во сивите ќелии,
зошто трагови остануваат ,
а патем и размисли за донирање на својата сестраност ,
можеби ќе имаш корист,
зошто сепак на крајот ,
многумина делите и делиме иста уникатна гледна точка ,
а сепак ,
сепак ,
умираме сосема сами .
,, на човекот ,,

http://gocheska.blog.mk/2011/01/14/osumnaesetta/


Маја Гоческа
Родена 05.04.1978 во Скопје
Занимањето и професијата никогаш не ги поврзува со умешностаи уметноста во создавањето на песните.
Своите креации од зборови ги пласира на www.blog.mk www.gocheska.blog.mk на кој најчесто се објавува поезија и www.tanit.blog.mk на кој се објавува проза .

Досега има објавено 5 стихозбирки на сајтот cc.org.mk .



No comments:

Post a Comment