Sunday, September 4, 2011

Светлана Митрева

Останавме само ниe...


Се почувстува денот тажен и безважен
во своете постоење
навреден од ноќта со сета своја
раскошна убавина и ѕвездата деница
неприметена поради утрото кое задолжително
доаѓаше за, само толку кратко да биде
најавувањето на новиот ден.
Тажно беше и сонцето заедно со својата светлина
подзаскриено ,ставено во сенката од облакот темен
потемнет од тежината што во себе ја носеше дождот на кој
ретко кој му се радуваше освен:
жедната земја испукана,искористена и злоупотребена од
брзите чекори на минувачите,и
дивите градби на нејзините жители со
сето нивно уништивање на
се убаво што природата им подарила со векови, за
да им ги исплакне очите од црнилата
да им го поврати видот - неуспешно .
Тажно се чувствуваат и океаните од
сите бродови што по нив пловат,
се бунат водите со својот немирен бран и
делфините почнаа тажно да пливат
со мислата на бесмисленоста за
своето постоење во нечии чинии,
како специјалитет сервирани за
нечии незаситени желудници.
Повредени и навредени се и птиците во својот лет во
просторот помеѓу небото и земјата
искористен и уништен од нечија воздушна линија
злоупотребена како небесна патека на
сите оние кои некаде брзаат...
Останавме само ние,неколкумина
да ги приметиме и да им се насмевниме
да се радуваме за нивното постоење
да тагуваме за нивното бесмислено уништување.
Се налути и перото со своето мастило
се почувствува злоупотребено и неприметено,заборавено од
раката на писателот кој некогаш
вешто умееше да ја излаже хартијата
со убавиот збор да го занеми читателот да
го однесе во нов свет ,нова димензија ,повторно раѓање...



Светлана Митрева
Род.16.02.76 год во Кавадарци,а од 1995 год живее и твори во Републка Германија.
На 19.08.2011 ја промовира својата прва книга,поезија :Разминување. Со оваа песна на 8 ми септември ќе настапи во Македонската Амбасада во Швајцарија.

No comments:

Post a Comment