Sunday, September 4, 2011

Цветанка Колева

Речиси сите испозаспале

Un petit garçon et
Une petit fille
Го маѓепасало
Маѓепсало полето , сонцето го маѓепсало
Убавината твоја раскошна
Во неа сите, речиси сите, испозаспале
попаѓале сите дрмежи успешно
В пазуви ти застанале збрани
Кога му погледна в очите
Маѓепсани беа. Смеата.
un grаnde joie.



Клештење

Помеѓу забиве имам заглавено обоени зборови и се клештат.
Мене ми се клештат.
Од ноќеска уште.
Тагата и не е некоја голема работа кога скокам
наоколу.Бушаво наоколу.
Ги трујам клештењата со природни водени бои.
силни…до степен на глувост,
до
Идилично рамно
до сеедно ко едно.
Многу си јанг вечерва!, рече Весна…
со светкавото ташниче и деколте до папок…
Мислиш јинг?!…
Земи пијачка и собери фраер, Златна!
мене има кој да ме носи дома...



Доаѓаш на пладне...



На ручек, сакаш кога сум тука покрај масата...
со ѕвекоти на чиниите и набодените виљушки
да ме расешеш со ножот со кој јас, велиш,
бесрамно сум го сечела лебот за тебе...
ти се насмевнувам и велам,
па за тебе е се, само се плашам да не е многу
пресолено !?
Секогаш пладнето дава друга димензија
на она кое го имаме заедно голтајќи ги залаците
во попладневната гужва тука околу нас...



На пример да се стави, во кус- кус расказ


Некоја кратка сцена, на пример да се стави, во кус- кус расказ. Се што ми е во главата е некако подолго од ограничувањето.
Хмм..има една, тоа е онаа кога ќе ти се јавам. Ти се здрвува за помалку од минута, само од мојот глас. Доволно кусо време, а таков ефект.

Очигледно и ова со куси-куси раскази сакаат да го постигнат истото.


Цветанка Колева од Кавадарци.
36 год. ВСС. Пчеларка и учител по македонски јазик на странци. Има маж и два сина.

No comments:

Post a Comment