Wednesday, September 14, 2011

Бистра Кумбароска

[љубов е само една]

Постојат зборови на лепеника ко магнети на фрижидер
Во мојата главаили таму некаде внатре
Ме будат на утро, ме расонуваат на вечер,
и си поигруваат со тишината на овој другград.
Постојат мириси силни како твоето сонце
На мојата улица или таму некаде надвор
Ме запираат на премини, ме сретнуваат по темнини
и ја заведуваат острината на овој друг град.   

Пред три дена купив нова перница,
а се' уште тебе те сонувам, Македонијо.
Секоја дремка, секоја приспивна,
Секој аларм, секоја порака
...ги под голтнувам.
Те слушам од внатрешностанамојот паричник
Како ѕвечкаш и се триеш низ монетите,
Те гледам на фејсбук, низ луѓето и преписките
Во устите на новинарите и лишто и да се
и сите букви од твоето име меколваат ко ужина предзајдисонце.
Слушам, 
На мојата улица комшиите ги соѕидале сите балкони
За да на прават доволно соби за деца,
а еден ден може ќе ги соѕидаат и влезните врати
и ќе излезат на двор низ прозор,
и ни Галилео Галилеј нема да се радува на тој слободен пад.

Македонијо,
Јасне тепознавам насмеана и не те паметам весела
Но проклети да смеа ко те на правиме простоумна.
Љубов е самоедна.
Но не за да се раскажува, туку за да се негува.

No comments:

Post a Comment