Wednesday, September 14, 2011

Елена Џогова

ЈАС И ЈАС


Истата темнина истата вистина,
истото вино, истата музика,
истата моја омилена осаменост...
Слободниот дух лета наоколу
ѕирка низ ѕидовите
во нечии други ноќи
со друго вино и друга музика.
Талкајќи низ светлите весели утра, еднолични монотони попладниња
гласни и распеани или тажни и плачливи вечери остануваме
ЈАС И ЈАС
Јас која плачеше, јас која сега се смее на тие солзи
толку далечни, како и тешките насмевки потешки од товарот на
најтемната ноќ!!!
Јас останува кога се заминува
Јас не изневерува
ЈАС не претерува...
Поминувам покрај ти и тој, и ти и тој, и ти и тој...
Јас гос спушта погледот надолу
чевлите ми се валкани од многуте сопки што ми ги поставил животот
панталоните се валкани, искинати од трњето по патот
капут?!
Не немам...студот ни ме допира ни ме сопира....
блузонот е топол закопчан до последното копче.....
под него коски кожа и празнина..

Едно од оние убави сончеви утра
еден човек дојде и гоизвади срцето..
Да го извади...
Гочуваше кратко како трофеј на својата победа над ЈАС...
Јас бев горда на тоа што подарив.

Еден исто убав ден помина....и дојде ноќта
онака црна и темна, и ти дојде.
Еве ти го рече готово е ти го враќам подариго другому...
Проба да го врати но не!!!
Раната заздравила, празнината се смалила
неиздржлива болка..Не!!!


Земиго заедно со сите убави утра и ноќи..
заедно со ситечувства и моќи
Не ми треба...
И од тогаш има само ЈАС...и ЈАС немам што да дадам,
нема што да ми земат, нема ништода вратам
ЈАС и мојата омилена осаменост
истата темнина, истата вистина
истото вино и истата музика.











ЗАТВОР

Влегов дома
онака најобично
стариот клуч во старата клучалка стариот ден, да истиот е од сабајлево и незнам зашто не се менува сеуште...веке е време би требал да престане со својата монотонија...
во истите папучи по истиот тепих пијам кафе во мојата чаша..
и ми здодеа
ми звони телефонот како по обичај кога каде како..пак истата добра пријателка
најдобра..со која и вечерва ке го испијам најдоброто кафе...истото
и звони и звони и чудо
не се јавив..ја оставив чашата сварив ново кафе
еј
во нов финџал...се погледнав во огледалото јас хахаха јас без мојот омилен финџал
и почнав да се облекувам
за каде?
незнаев...
но секој следен чекор се гледа патот се повеќе...и повеќе...
се средив..последната цигара од мене..!!
и каде?
викнав такси
ги облеков чизмите и тргнав полека
стојам и го чекам таксито кое ке ме однесе
далеку од мојот финџал за кафе
далеку од монотоното кафе со пријателките
далеку од празните зборови за луѓе што не ме интересираат
ниту пак јас нив
далеку...
добровечер
таксистот ме прашува каде
молчам
....
молчам добра една минутка доволно за да стане нервозен
..Каде би одела една ваква дама како мене вечерва? прашав?
ме интересираше дали некогаш би претпоставил дека јас не ни знам каде да одам..
остана без зборови
се помисли се почешка по главата не вртејки се...
незнам веројатно во некое кафуле или кажете адреса кај кого?
кај никого....
размислувам
зашто кога ја сменив мојата омилена чаша за друга и мојот ритуал зашто и сега да не сменам
вози некаде далеку вози ме на најубавото и најосамено место во околинава
однесиме и по половина час врати се да ме земеш
стигнавме
незнаев и несакав да знам каде сум
нити пак некогас ке се потрудам да дознаам
ми беше ладно
човекот ме предупреди
оставете реков
студот не е ништо во споредба со леденоста во мене
замина останав сама некаде најдобрата јас ...
планините околу мене ..убави
но далечни и да тргнам по нив нема никаде да стигнам не вака..видов едно убаво место
не убаво
перфектно
помеѓу десет други имаше едно дрво најголемо најубаво гранките му беа совршено распоредени го красеше целиот тој простор
добровечер реков
не меслушна
или слушна па не ми одговори
не ми бесе страв
воопшто
зачекорив го прегрнав
којзнае од кога никој не го прегрнал со љубов
а во мене таа вечер имаше доволно
сакав да седнам но жал ми беше за облеката
помислив зашто облече нешт вакво кога нема кој да те види и не ни знаеше каде одиш
помина 5 минути
не ми текна
ниеден паметен одговор на моето прашање
чудно секогаш одговорот најкасно ми доагјал по 3 минута
штета
многу работи сменив вечерва
нејсе
пробај си реков
седнав долу
ја почуствував земјата како ги вика моите нозе...потоа моето тело дали јас во оваа ладна зимска вечер лежам долу на земја во непознато место
сто мозе да ми се случи?
ништо!!!
толку време правам толку работи и не се случува ништо
нема ни сега
и не се случи
истата јас со моите мисли мојот ист капут
сега валкан од земјата
мислите се множат и се множат...
зашто е вечерва?
и помина тој половина час
истиот таксист со истото такси дојде ме зеде и ме однесе дома
влегувам
истите папучи но некако помеки помили
зашто
истото такси ме донесе зошто јас така реков и јас така сакав
истите папучи истиот финџал и истото кафе секогас зошто јас така сакам...
ја сменив постелнината
јас така веќе не сакав
јас секогаш можам се да сменам
само да сакам
таа вечер и секоја натаму правев се што сакам
секогаш
и гледај
чудо
јас пак во огледалото
не не неее
не сум јас
туку Јас со големо Ј најголемо и најважно
и кафето не е исто подобро е
малку....сменив само малку а видов толку многу
затворот наречен живот секогас има една искршена решетка
ако доволно добро ја барам јас секогаш ја наоѓам...
и ....за тоа потоа !!!



КАФЕ


Финџал со кафе
пладневно, не утринско
а послатко од утринското...
Не е вино- гордоста на дионис
некоја стара обична бразилка го собрала.
Исто така обична девојка го подготвила
обично момче да го испие за обично срце и очи да насмее.
Не е ноќ и нема ѕвезди
облаци се надвор а сепак пишувам песни.
Не треба посебно место ни време не треба ништо
мале и листов и времето е кратко.
Те набљудувам како уживаш
јас ли го предизвикав тоа
пишувам творам, молчам не зборам,
те гледам темилувам
се доближувам се подлабоко се подобро се почесто се е посебно.
Сјајот не е сјај кога не го гледам во твоите очи
само ти можеш да направиш обични денови
подобри од романтични ноќи.
Може сумлуда и чудна
не знам ништо освен дека сум будна,
а ти спиеш и те освојувам со поглед
со збор.....
Зар требаа толку денови и ноќи за овој да е пресуден..
Те сакав одсекогаш, ќе те сакам засекогаш
те препознав по чекорот соодветствен на мојот
те препознав по гласот по одот
Се спознав и себеси...ти благодарам
Јас сум обичен човек најобичен
само ја искористувам мојата дарба
заслужуваш повеќе подобро
ноќи романтични
ѕвезди на дланка
зборови нежни мили
еве ти го денов
свездите се само дел од моето небо
а ти го заслужуваш цело
незнам да говорам но еве ти творам
и благодарам
И уште сум луда и чудна и те сакам
и ништо не барам
само секогаш да биде вака...

И мислам на старата бразилка
која сеуште го собира следното кафе
кое некој следен ден ќе помогне јас со тебе
да го н аправам посебен
а ноќите, ноќите се друга приказна
мале денов мал е и листов а и се е исто
јас ти љубовта обични а најпосебни од сите...
Готово е кафето , готови се и стиховите
за мене тебе и убавината на деновите...!!



Кратка биографија

Елена Џогова од Тетово 19 год студира на англиски јазик
Има искуство во поетски читања, и е  учествувала на разни натпревари- поезија и проза.

No comments:

Post a Comment