Monday, September 19, 2011

Пеце Богески

Подај рака човеку


Сеуште не научи како со збор
да ги зачуваш небото и земјата
за оган

Широката земја ти стана тесна
срцето твое почувствува осаменост
и тага

Во тебе треба да има светлина
што зрачи од волјата
на битие способно да жртвува
важни нешта во име на други што ги смета
за уште поважни

Радувај му се на животот
што ти е подарен

Биди свој за себе
но љуби ги и другите
бидејќи кога си сам срцето не чука
а душата станува нескротлива
и дива.




Срце и Душа


Најголем грев е
во просторот помеѓу душата и срцето
да ја сместиш тагата
тогаш остануваш осамен,
а секогаш за тебе постои некој
што помислува колку зраци
од утринското сонце
ја помилувале твојата коса.
За некого твоето постоење
преставува неизмерна среќа.



Мојата душа птица на дивината


Би сакал мојата душа да биде слободна
како птица од дивината
Но како да ја најдам таа дивина
дивина во која би летала безгрижно мојата душа

Дивина во која таа би можела да опстане
која само таа би можела да ја скроти
во која би се пронашол самиот себеси
во која ќе ја создадам пената над песните....



Ѕвезди

Ѕвезди без љубов
осамени треперат
постојат за нас.



Три збора- Љубов,Радост и Слобода


Со нив би сплел и сончева пајажина
Би сплел со нив и тага за срцето
Но не би ги прифатил сериозно
Не би ги разбрал целосно...





Богески Пеце

Роден на 20.01.1981г во Велес.Живее во општина Градско.
Дипломирн електро инжинер.Дипломира на електротехничкиот факултет во Скопје.

Песните не се објавувани до сега.Специфично е што песните се пишувани во сабота во
доцните вечерни часови.

No comments:

Post a Comment