Thursday, September 22, 2011

Винета Огненоска

Jас Мерсо



Солзите ми врзуваа јазли под брадата
овој осми март првпат ми подарија... се.
Моите потколенични вени
Високи потпетици, беспомошни тела
Празниот стомак раѓа големи дела
Вергилиј пелтачејќи ми ја читаше својата Ајнеида
Се надтрчувам со задоволството.
Плетенка.
Јас Мерсо
Ти лижалче ми подари.
Дрво и шеќер
Трска.
Јас ги слушав другите никогаш не кажав ни збор.
Го чувствувам недочитаниот Канционер.
Се присетувам на мојот слон во Кутија.
Чесен збор пред да го читам Егзипери.
Во која ли вреќа се скрила мојта среќа.




Милни зборови



Ова беше ден на коинциденции
само тие останаа да се случуваат спонтано
.
.
.
Ме прашуваш зошто користам излитени фрази.
Сите ги користат. –плитко се вадам.
Ти не си сите. – ми велиш.
Јас сум никој. - те нервирам.
Уморен сум од твојата меланхолија. Одам да спијам.
Се самоубив по твоите зборови.
Утредента ти плачеше,
Знаеше дека е залудно
но таков е редот.




Пред исчезнување



Почнав да не те разбирам.
Ме збунуваш – ми велиш.
Нацртај ми триаголник.
Каков триаголник? – те прашувам, љубовен?
Не Бермудски – сакам да исчезнеме заедно.


Долгото погребување на една љубов


Ти ми рече дека ќе ми дадеш се
-се што сакам
како што секогаш прават вљубените мажи
а јас, јас ти верував против своја волја
како што секогаш прават вљубените жени.


Долго време не напишав ништо,
ни збор
-нејќев да бидеш муза на мојата беда.


Парцијално преиспитување
феминистичка фарса
преиспитување себеси
како постојано почнување од почеток
без факти
без реторички прашања
без елаборација без аргументација
хронолошка последователност
прашање
градација
синтеза...




Пукам по шавови
знам дека лани бев постара од денес.
Животот не е ни подобар
ни полош од порано
не можам да ја поднесам глупавата фраза
„Не е онака како што изгледа“.

И кога ти стана инстант читач
само за да ме импресионираш
те прашав на што мислиш
- ми кажа на ништо,
се насмевна и додаде
- ретко кој го може тоа.
Сега сфатив
тие кои размислуват
не повредуваат.





* * *



Ги препрочитував сите мејлови
кои сум ти ги испатила
за да нашпишам приказна
завршен збор, како сакаш
зошто мислиш дека лажејќи заштитуваш
тогаш најмногу ме повредуваш.
Сеуште сум сама...
И сеуште толку многу те сакам
толку...

Толку што не сакам да те видам.


Кога не си доволно убава
-да бидеш само убава,
кога не си доволно паметна
-да бидеш само паметна


Остануваш сама...


Ова е премногу љубов за негов вкус
бубрежни игри
боли а немаш модринки
-стануваш, бришеш колена
вдишуваш и, и...







Mое Скопје (Скопје на мој начин)




Сите очекуваат за родниот град
да ја напишам најубавата песна
-но роден град не ми си,
ниту пак оваа е најубавата песна.
Мичурин – Факултети(покрај Комплекс банки) – Бит пазар, 25 минути,
Кисела Вода – Факултети(низ Корчагин) – Бит пазар, 36 минути,
Карпош 4 – факултети, 47 минути
додуша се зависи од семафорите.

На враќање покрај Вардар низводно, Зоолошка задолжително, по Илинденска
Кисела Вода – факултети, овојпат 39 минути.
Мапа на умот.
Централна слика.
Клучни зборови.
Линии.
Печатни букви.
По еден збор на секоја линија.
Поединци.
Изгледате подобро од што се чувствувате.
Болна концетрација на потребите на публиката.
Публиката е навикната на многу стандардна презентација.
Бои, слики и шифри.
Слободни асоцијации на организирање.
Еден гудачки квартет свири за ситни пари во ГТЦ до последна пукната жица,
имаат уште по три, ќе завршат брзо.
На Школка реге,
велат ќе дојдело лето.





* * *



Кај Јасна во Маџир маaло
секој втор понеделник во 10 и 14 ја оставам патната торба,
во Аеродром со на Дина мајка и пиеме кафе,
јас без шеќер, таа со една коцка шеќер – во мал филџан,
а коцката на тацната, како декорација,
- неизоставно секогаш.
За жал или за среќа Дина е во Сараево.
Јас и Јасна јадеме во “Форнети“ пред да заминеме да си го решиме животот.
(Не ни се јаде, ама на празен стомак( на гладно срце)...
И си молчиме, си молчиме, си одиме и си молчиме, седнавме и молчиме...)
А не може, не може,
желбата да се згазиме себеси посилна од се е.


А јас и ти мој безусловно, безобврзно љубен
се уште си ги чешаме осипите
од алергијата на нервна база,
а знам, проклето знам, дека сега во моментов мислиш(седеш)
под старото розово дрво во Луна Парк
додека го гледаш нашето неродено дете,
кое ти е изговор за секое бесцело излегување(бегање) од дома
и седење во паркот,
премален од пролетната анемија.
А тогаш ми ѕвони телефонот.
Ми ѕвониш да ми кажеш дека ме чекаш како тогаш.
Јас не одговарам на повикот, но доаѓам...
Знаеш, - велиш,
еден гудачки квартет за ситни пари свири во ГТЦ.






Моите нормални скопски другарки



Уживав во кафето на Јасна
и нејзиното предавање за Едгар Алан По
иако за јаболка велеше јаболки
притоа не заборавајќи секогаш, ама баш секогаш,
да ми каже дека знае како е правилно.
Да - таа знае како е правилно,
мојата божица Хера.
Исто како и јас шо не можев во рамките на литературниот говор да го врамам што.
Ги обожавам „Еднооки“.
Тука мора да има црвено
вреска мојата Ана
и се фаќа за ножиците
за да ми го отстрани вишокот коса.
Сега прочитав на ФБ дека за нокти, коса и маж не се жали...
Со ноктите немав проблем.
Сега кога не сум ја видела Ана од нејзината свадба,
колку ли само вишок коса имам?!


Дина, Јасна и јас
Газиме по крцкавите лисја по Кеј
додека брзаме на вежби на Кале
Дина на шега ми дофрла, „во Прилеп немате толку лисја“.
Првиот мој Скопски октомври.
Нервозна жена вришти од зад нас да и’ направиме пат.
Не бил цел пат наш...
Но сега знам дека тогаш, баш тогаш
патот беше само наш.
Немаше ѕвезди,
а немаше ни резултати од првиот колкоквиум.
Секој вторник додека јадевме бурек во “Росана“
јас ги израмнував моите кори
со нивните јувки.
Ги правевме секое лето,
дури е жешко – побрзо да се исушат.







* * *



Кога ќе поминат години
минутите чекање не се повеќе важни
можеби се паметат само датумите
од сега ќе се огледувам само на огледалото во амамот
таму бев најубава.
Кога пораснав сфатив дека било од светлото.
Ми велеше срцето не било камен.
И сега знам,
сега кога еден на друг си ги чешаме
пликовите од алергија на нервна база
по не знам кој пат заклучуваме
има хемија меѓу нас.
Секој декември,
откако знам за нас
сме заедно...
колку само нестрпливо го чекам декември!






Непоправлива

на другарка ми БП



Среќа нееднакво математика
живеј ја
без оглед дали ти паша
или равенката ти се чини не точна.
Јесте да.
За жал принципите на математиката ги разбирам
но среќата,
Јок, вала
тотал мистери.
Скрос.
И не е не!
За математиката треба знаење
А за среќата незнаење.






Кон циклусот долгото преболување на една љубов

(На Дојран и Дојрана)



Раѓањето и смртта не познаваат згодно време.
Тие не чекаат, како јас, да дремнеш по ручек
за потоа ти се јават да те прашаат како си.

Бев навикнала сонцето да зајдува во езерото...

Но овде секое утро се будев да го видам чедото на Дојрана.
А пржеше во осум часот како секоја твоја лага,

како секое твое лажно ветување,
а и покрај тоа јас премногу го сакав сонцето... исто како што те сакам тебе.
Сакав и да бидам будна кога работниците од казиното се враќаа дома...
Оти од премногу гости, наместо, да спијат во кујна на душек
работеа ноќе – и помал дел од ноќта го поминуваа во кујната.
Твоето навежбано извини, без значење,
И мојата слабост на тебе...


Додека јас демек ја погребав мојата безусловна љубов за тебе
готвејќи ја твојата омилена риба
да ја украсам корпата за отпадоци,
ти од сите мажи на светот баш ќе налеташ на тој едниот,
единствен
за никаде шо ќе ти го создаде впечатокот,
да не речам дојемот - а ќе речат хрватите,
за сите останати... а тие другите не се такви, да не речам никакви, како него!

Р.Ѕ. Јас не генерализирам.

Живот... нешто низ кое треба да поминаш со насмевка,
како стујардеса која знае дека нешто не е во ред со авионот.
Од една страна животот е краток - живеј го, од друга страна
трпение - спасение!
Една слика илјада зборови!
Не е се така како шо изгледа!

НЗС?!

Се’ беше рутина и истрајување: награди за тупоста беа сигурноста и извесноста.






Винета Огненоска е родена на 24. 12. 1980г. во Прилеп каде и завршува Гимназија. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Активно учествувала во работата на поетскиот кружок „Мугри“ во рамките на Филолошкиот факултет. Работела во невладини организации, кои работеле со деца, приближувајќи им ја литературата на децата. Работела и како професор по литература во Средно училиште. Била уредник на списанието за културализација на заедницата „Абажур“ од Прилеп. Покрај што својот пишан збор го објавувала во „Мугри“, „Абажур“ и месечната периодика објавува и во списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, во издание на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, каде и беше еден од уредниците.
Последниве три години учествува на Струшките вечери на поезијата во рамките на „Ноќите без интерпункција“.

1 comment:

  1. Јас сум благословен, се работи за мојот брак, кога д-р Шараџ ја врати мојот сопруг, кој се оддели од мене 6 месеци. Јас сум SANDRA по име. Иако мојата уста би била целото мое тело, не е доволно да му се заблагодарам на д-р Шараџа за неговата помош во мојот живот. Мојот сопруг се разведува со мене шест месеци и бев во болка и агонија без него. Значи, барам помош насекаде, додека не наидов на блог за д-р Шараџа, го контактирав онлајн. Јас му ја објаснив мојата ситуација и тој вети дека мојот сопруг ми се враќа 24-48 часа, ако само моето срце сѐ уште бие за него. Јас му верував, и тој ветува дека ќе подготви магија за мене и за мојот сопруг. Мојот сопруг ме викаше токму кога д-р Шараџа рече. Тој се извини и рече дека ми треба назад и сега повторно живееме среќно во текот на изминатите 9 месеци ... молам сите да ја прочитаат мојата статија таму каде што има потреба од помош треба да контактираат со д-р Шараџ сид по електронска пошта. sharajasid@outlook.com за повеќе информации
    Ако сте таму, поминете го ова
    Проблемите што се наведени подолу е исто така совршен во овие области ...
    (1) Дали сакате вашиот екс назад?
    (2) Дали секогаш имате лоши соништа?
    (3) Дали сакате да ја промовирате вашата канцеларија?
    (4) Дали сакате жените / мажите да трчаат по вас?
    (5) Дали сакате дете?
    (6) Дали сакате да бидете богати?
    (7) Дали сакате да го врзувате вашиот сопруг / жена да биде?
    твое засекогаш?
    (8) Потребна е финансиска поддршка?

    ReplyDelete