Friday, September 23, 2011

Маја Лостова

Еве ме повторно на почеток,
без никој и ништо околу мене.
Немам подршка од никој, ниту пак
некој ми ја пкажал насоката во која треба да се движам.
Јас сама го градам патот по кој чекорам,
пат толку трнлив, толку болен.
Некогаш мислев дека не постои некој
кој може да ме спречи во моите цели,
ниту пак нешто што ќе ми пречи на патот.
Тој некој и тоа нешто, јас сама ги поставив на мојот пат.
Јас им дозволив да влезат во мојот живот,
иако знаев дека ќе ме повредат.
Уживав во нивното присуство,
иако знаев дека ќе заминат.
Се радував на насмевките на нивните усни,
иако знаев дека тие усни ќе изговорат
зборови што ќе ме расплачат.
Јас сама го градам патот по кој чекорам,
пат толку трнлив, толку боолен.
Се она со што денес се соочувам е
последица на она што вчера го направив, а
она што ме чека утре зависи
од моите денешни постапки.
Јас сама го градам патот по кој чекорам
пат толку трнлив, толку болен.
Кога би можела да го вратам
времето назад, да го сменам минатото,
за да не морам денеска да ги гледам личностите
кои што ми значат како заминуваат од мојот живот,
за да не дочекам утро без нив.
Но не можам, тие заминуваат, а јас немам сили да ги задржам,
тие веќе одлучиле, не можам да ги сопрам.
Зошто им дозволив да влезат во мојот живот
а сега не можам да ги пуштам да заминат .
Толку сакам да ги задржам,
но не можам да го сменам минатото,
ниту да ги присилам да останат.
Јас сум само патник сред невреме,
незасолнет, ги чуствувам ударите од невремето,
го чуствувам сето лошо што го носи со себе,
но неможам да се борам против него,
само чекам да престане, да видам што ќе донесе.
Како ќе заврши незнам, но знам
јас сама го градам патот по кој денес чекорам
пат толку трнлив толку болен.

ми рече ова е само сон,
наредниот ден ќе се вратиме во реалноста.

Да, тој беше како сон
неговото тело беше како уметничко дело
извајано од рацете на најдобар уметник,
а јас бев уште една од многуте
кои останува без здив пред него.
Тој беше толку совршен.
Ова не беше сон, ова беше реалност, животот е драма
а овде јас ја имав главната улога.
Го знаев и почетокот и крајот на ова дело,
се прашувам зошто одбрав да играм толку тешка одлука.
Дали јас обична актерка можам да го сменам текот на настаните?дали јас можам да го изменам крајот?
Мислев дека сум јака, цврста.
Мислев дека можам да го држам огнот во раце,
а да не се изгорам.
Мислев дека јас сум оган.
Јас оган, а тој вода.
На секое мое “за “имаше против,
на секое мое прашање одговор.
Јас сум опасна, јас бев огин,
но тој е водата која ме спречува да се ширам.
Водата може да го изгасне огинот,
но огинот не може да ја сопре водата,
ниту да го одредува нејзиниот тек.
Зошто влегов во битка од која
не можам да излезам како победник,
зошто пристапив на ова тешка одлука.
Реков да и еве ме сега ги трпам последиците.
Некој се обидува да ме соочи со вистината која одамна ја знам,
но некако уште не сум ја прифатила.
Моите сомнежи се потврдија,
вистината секогаш боли, но тој не ја зборуваше
само вистината,тој кажуваше навреди,
зборови кои болат зборови кои може да излезат
само од устата на еден совршен идиот како него.
Јас бев мирна и не се противев, слушав
слушав, како да сум потпишала договор во кој стои
клаузула” недозволено прекинување до последната сцена”.

Ми рече ова е само сон
наредниот ден ќе се вратиме во реалноста.

Јас не бев дојдена за некој да ме соочува со вистината,
да ме подучува, не побарав негово мислење,
ниту ги сакав неговите совети.
Јас дојдов тука за да избегам од секојдневието,
да уживам во неговите прегратки, мислејќи на тоа колку лесно добивам се што сакам,да слушнам по некоја слатка лага на која и ја знам целта, да се хранам со мислата
“моќните мажи лесно потпаѓаат под власта на убава жена ‘
Ова требаше да биде сон од кој не сакам да се разбудам,
но се претвори во кошмар од кој се молев да ме разбудат.

Ми рече ова е само сон
наредниот ден ќе се вратиме во ралноста.

Можеби ова мисла се врти во главите на сите оние кои заглавуваат во меѓуножјето на други жени, а знаат дека мора да се вратат на она што ја имаат во реалноста.
кои имаат највозбудливи сексуални фантазии
кои ги остваруваат со непознати,
кои секое утро се будат покрај различна жена
од она за која тврдат дека ја сакаат.






Ми рече ова е само сон
наредниот ден ќе се вратиме во реалноста.

Можеби и за него беше сон кој што се остварува.
Од нашата прва средба, ги забележав неговите очи кои со поглед ме соблекуваат,неговите прсти кои ја допираа мојата усна, поскауваа таа да биде насекаде по неговото тело,
го замислуваа најдоброто фелацио,
ги замислуваа моите прави нозе врз неговите рамена,
додека тој продира во мене и ме задоволува на начин на кој што никој пред него не успеал.
Од нашата прва средба тој посакуваше
да стенкам под неговата машкост,
да водам љубов со него како никоја друга,
да бидам ненаситна дива,
а тој единствената личност која може да ме скроти.
Јас сум добра глумица и нема да ги рушам неговите сонови
како тој моите замисли.
Јас сум цврста и храбра, нема да дозволам неговите зборови да ме спречат во моите цели.
Јас сакам да ризикувам,да ме повредуваат
да чувствувам болка, да го правам она
за кое другите сметаат дека е лудост,
она на кое никогаш не би пристапиле.
животот постојано ме испробува,
го прифаќам секој ризик, победувам и губам.
но и тогаш кога губам јас победувам.
затоа што секој не ризикува,
затоа што секој поразен не може
да продолжи да чекори гордо,
затоа што никој не е борец како мене

ми рече ова е само сон
наредниот ден ќе се вратиме во реалноста.

тоа не беше сон, тоа беше реалност
која ме направи силна како никогаш досега.
Ништо повеќе не може да ме повреди,
дали е точно,и самата се сомневам во оваа моја изјава.
Животот ме испробува, јас го чекам наредниот предизвик,
сакам да ризикувам, да ме повредуваат, да чувствуам болка.
Јас сум обичен смртник кој прави работите за кои другите смртници не можат ни да сонуваат.

ми рече ова е само сон
наредниот ден ќе се вратиме во реалноста.

1 comment:

  1. Неправда

    Стреси се земјо и плачи небо
    заедно со оние кои се денес во црно.
    Една мајка остана без син,
    сестра без брат,
    сопруга без маж,
    син без татко.
    Не постојат зборови што ќе ги утешат,
    не постојат прегратки што ќе ги стоплат,
    не постои нешто што ќе ја намали нивната болка.
    Отвори се земјо за да го примиш телото
    брзо и нечујно, на оној од кого ние
    никогаш не ќе можеме да се оделиме.
    Плачи небо заедно со нас,
    затоа што нашите очи ќе пресушат,
    солзите ќе направат мориња
    но болката нема да престане.
    Стреси се земјо и плачи небо
    за да го пригушиш врискот на една мајка
    која денес остана без син.
    За да ревиш посилно од болката
    на сестрата која се збогува со братот.
    За да плачиш зедно со сопругата
    која остана без маж,
    за да се бориш против неправдата
    која одзема татко од син.
    Стреси се земјо и плачи небо,
    За сопругата која повеќе никој не ја чека дома,
    за синот на кого му недостига татковата прегратка,
    за сестрата која нема на кого да довикува бате,
    за мајката која закопува син.
    Стреси се земјо и плачи небо,
    затоа што денес го примаш телото
    на едно твое чедо кое беше
    татко, син, брат, и сопруг,
    затоа што направи неправда
    остави син без татко.
    Стреси се земјо и плачи небо,
    заедно со оние кои се денес во црно.

    ReplyDelete